Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден преку својот иден советник за национална безбедност побара Русија веднаш да го ослободи опозицискиот лидер, Алексеј Навални, кој беше приведен вчера по враќањето од Берлин во Москва.
„Навални би требало веднаш да биде ослободен, а извршителите на нападот врз него би морале да бидат изведени пред лицето на правдата. Нападот на Кремљ врз животот на Навални не е само кршење на човековите права туку и навреда на сите Руси кои би сакале да се слушне нивниот глас“, напиша советникот на Бајсден, Џејк Саливен.
Литванија, Летонија и Естонија, земји членки на Европската унија, вечерва повикаа на воведување санакции за Русија поради апсењето на Навални.
Негово ослободување побара и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.