Стигнуваат првите реакции по донесената пресуда за претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на веќе избришаното од регистрите на РСМ, здружение ,,Цар Борис Трети“. Потсетуваме дека двајцата обвинети Илија Спасески и Борче Ангелов , добија по осум месеци ефективна казна затвор за стореното дело.
На оваа пресуда преку социјалната мрежа Facebook реагираше здружението ,,Балкански мост” од Битола.
„Конечно пресуда за напаѓачите на Христијан Пендиков, но каква?
Напаѓачите на Пендиков, обвинети по член 131 точка 2 од кривичниот законик, се осудени на 8 месеци затвор. Почитуваниот судија по која основа од членот и точката ги осудува на 8 месеци, кога јасно пишува дека пресудата треба да биде од една до пет години затвор?
Дали од ново нашето судство потфрли, или е намерно нарушување на законот?
Дали е праведно да се добие казна под минималната кога после претепувањето, Пендиков беше со толку тешки телесни повреди, кои што можеа да доведат до негова смрт?
Се надеваме на по правична пресуда за понатаму.
ПРАВДА ЗА ХРИСТИЈАН ПЕНДИКОВ!“, стои во реакцијата на „Балкански мост“.
Извор: Трибуна