Дилан Даглас, 24-годишниот син на Мајкл Даглас (80) и Кетрин Зет-Џонс (55), напредува во својата актерска кариера по стапките на неговите славни родители. Со желба да сними што е можно повеќе проекти, Даглас го прифатил и дипломскиот филм на студентите од Њујорк наречен Truths of a Corporate Sellout и на својот Инстаграм сподели како изгледаат работите зад сцената на неговиот претстоен проект.
Дипломиран на Универзитетот Браун, тој го имаше своето филмско деби во 2003 година појавувајќи се покрај неговиот татко Мајкл, брат Камерон и дедо Кирк Даглас во соодветно насловената комедија It Runs in the Family, и со текот на годините продолжи да гради име за себе во светот на шоу-бизнисот.
Во 2011 година, тој синхронизираше епизода од Финес и Ферб што се емитуваше на каналот Дизни, а се испроба и во театарските штици.
Покрај актерството, тој покажа интерес и за политички теми, а во септември 2024 година започна неделен политички подкаст наречен Young American. Подкастот се емитува во сабота во 11 часот и има за цел да ја информира и мотивира неговата генерација за политичките прашања кои влијаат на нивната иднина.
„Од почетокот на вечните војни, првиот црн претседател, културните војни и сега втората шанса за првата жена претседател, мојата генерација доживеа некои од најтрансформативните и најбурните времиња во нашата историја – и само ќе стане полудо“, рече Дилан објавувајќи го подкастот.
Покрај синот Дилан, Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас имаат ќерка Керис (23).
Оваа година парот слави 25 години успешен брак. Нивната љубовна приказна започна на филмски фестивал во Франција. Тие се венчаа во ноември 2000 година во хотелот Плаза во Њујорк. Нивната раскошна венчавка, на која присуствуваа многу познати актери, политичари, па дури и членови на британското благородништво, беше прогласена за свадба на годината.
Текстот Синот на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс напредува во својата актерска кариера е превземен од МАКФАКС.