Премиерот на австралиската држава Западна Австралија, Роџер Кук, го нарече американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс „празноглав“, кој влезе во американската политика.
Тој ова го изјави на предизборен митинг во Перт, во пресрет на изборите во таа австралиска држава, на кои беше гостин говорник, пишува Гардијан.
На новинарско прашање дали администрацијата на Доналд Трамп претставува „темен пат“ за светот, тој одговори дека новиот американски претседател носи неизвесност.
Потоа се извини, велејќи дека сигурно имал „непрофесионален момент“. Тоа беше безгрижен, непрофесионален момент и не сакав никого да навредам.
„Кога го кажав тоа, имаше многу аплауз во просторијата, па можеби некои луѓе уживаа во забавата што доаѓаше со него. Можеби други луѓе се навредени и се извинувам“, изјави Кук.
Кук се бори за трет мандат. Венс се соочува со критики од американската јавност по неговата средба со Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот, поради тонот со кој му се обраќаше на украинскиот претседател, пренесува Танјуг.
Текстот Роџер Кук: Американскиот потпретседател Венс е празноглав човек кој влезе во американската политика е превземен од МАКФАКС.