Легендарниот фронтмен на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер (81), и неговата партнерката Мелани Хемрик (37) ретко се појавуваат заедно во јавноста, но овој пат направија исклучок и присуствуваа на „Оскарите“. Држејќи се за рака, гордо се прошетаа на црвениот тепих, а според пишувањата на странските медиуми, тие цело време не се одвоиле еден од друг.

Неговата 44 години помлада партнерка блесна во црн фустан со висок шлиц од страната и асиметрично деколте, што ја истакна нејзината фигура, а музичарот за церемонијата избра црн костум и бела кошула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie Hamrick (@melhamrick)

Мик Џегер и Мелани Хемрик се запознаа во 2014 година кога „Ролинг стоунс“ беше на турнеја во Токио, во исто време кога американскиот балетски театар, чиј член била Хамрик, настапуваше во Јапонија. Нивната романса се продлабочи кога Џегер ја покани балерината да му се придружи за време на турнејата во Цирих.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie Hamrick (@melhamrick)

Двојката во 2016 година го доби синот Деверо.

Текстот Мик Џегер присуствуваше на „Оскарите“ со 44 години помладата партнерка од него е превземен од МАКФАКС.