За време на доделувањето на Оскарите, Морган Фримен (87) му оддаде почит на Џин Хекман, кој пред неколку дена беше пронајден мртов со неговата сопруга Бетси Аракава во нивниот дом во Санта Фе.

„Оваа недела нашата заедница загуби голем човек, а јас изгубив драг пријател, Џин Хекман. Имав задоволство да работам со него на два филма – Unforgiven и Under Suspicion. Како и секој кој некогаш ја делел сцената со него, научив дека тој е дарежлив актер и човек чии таленти ја подигнаа работата на сите други”, рече Фримен.

„Џин секогаш велеше: Не размислувам за наследството. Само се надевам дека луѓето ќе ме паметат како некој што се обидел да заврши добра работа. Мислам дека зборувам за сите кога велам: Џин, ќе останеш запаметен по тоа, и многу повеќе. Почивај во мир пријателе“, додаде актерот на крајот.

Текстот (Видео) Морган Фримен одржа трогателен говор во чест на Џин Хекман на Оскарите е превземен од МАКФАКС.