25 годишно момче од Прилеп денеска е смртно застрелан со ловачка пушка додека бил на лов на диви свињи со пријателите во Мариово. Полицијата соопшти дека денеска околу пладне во полициската станица во Прилеп бил пријавен трагичниот иницдент.

Еден од групата ловџии, најверојатно по грешка, наместо во пленот за одстрел, пукал во својот другар. Бидејќи теренот бил недостапен повикан е хеликоптер за да биде извлечено телото.

„Денеска во 11 часот и 6 минути во прилепската полициска станица било пријавено дека во атарот на селото Витолиште, 25-годишниот прилепчанец бил погоден од куршум од ловечка пушка од едно лице од група која била на лов. Во 14,55 часот од екипа на итната медицинска помош било констатирано дека Ѓ.Х. им подлегнал на повредите“, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, а со дополнителна истрага ќе се утврдуваат вистинските причини за овој несреќен случај.