Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија нема намера да ѝ врати ниеден дел од окупираната територија на Украина.
„Тоа се територии што станаа дел од Русија и се вклучени во нашата државна уставна одредба како неотуѓив дел од Русија. Тоа е факт што ние апсолутно не можеме да го негираме или да разговараме“, рече Песков на дневниот брифинг со новинарите.
Според рускиот Устав, Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје се дел од Русија, иако руските сили не ги контролираат целосно овие региони, а Украина и меѓународната заедница ги сметаат за дел од Украина.
Изјавите на портпаролот на Кремљ доаѓаат еден ден откако и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров посочи дека Русија бара целосна контрола врз четирите региони.
Текстот Кремљ вели дека нема шанси за враќање на окупираните територии на Украина е превземен од МАКФАКС.