Некои возачи можат да бидат агресивни, па затоа внимавајте кога поминувате улица. Ваков е одговорот на вештачката интелигенција (Чат ГПТ) на прашањето дали е Македонија безбедна дестинација за патување.

Oценката е дека земјата е генерално безбедна за туристите, со ниска стапка на криминал, а насилството е реко. Сепак, „Чат ГПТ“, препорачува, како и за секоја друга дестинација да бидете внимателни.

Покрај сообраќајот, апликацијата ги предупредува туристите да избегнуваат протести и политички собири, како и да внимаваат да не им биде наплатено повеќе од она што е реална цена во такси возилата и маркетите.

Се додава и дека луѓето се гостопримливи и честопати подготвени да им помогнат на туристите, безбеден е за двојки, но да се избегнуваат изолирани области во текот на ноќта. Автобусите и такси возилата се генерално безбедни, се додава во одговорот што го добивме.

Вештачката интелигенција препорачува да се посетат Скопје, Охрид, Маврово и Кратово.

Текстот Вештачката интелигенција ги предупредува туристите да внимаваат кога поминуваат улица во Македонија оти има агресивни возачи е превземен од МАКФАКС.