Археолозите во Помпеја открија ретки фрески во речиси природна големина кои нудат нови сознанија за религиозните практики во античкиот град пред да биде уништен од ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера.
Големата фреска што се протега на три ѕида од салата претставува живописни слики на иницијациски обреди за следбениците на Дионис – античкиот грчки бог на виното, плодноста, театарот и религиозната екстаза.
Ритуалите за иницијација, познати како Дионизиски мистерии, биле тајни религиозни обреди посветени на богот, кои ветувале духовно просветлување и можеби благословен живот после смртта.
„…Денешниот ден ќе биде запаметен како историски бидејќи откритието што го презентираме е историско“, рече италијанскиот министер за култура Алесандро Џули, кој присуствуваше на откривањето на фреските.
„Заедно со Вилата на мистерии, овие фрески се неспоредливо сведоштво за помалку познатите аспекти на древниот медитерански живот“.
Текстот (Фото) Фреските откриени во Помпеја покажуваат верски обичаи пред ерупцијата на Везув е превземен од МАКФАКС.