Хамас ги предаде телата на четворица израелски заложници во ноќна размена на палестински затвореници, објави Ројтерс.

Израел прими четири тела, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху во раните утрински часови во четвртокот.

Хамас претходно ги идентификуваше телата на Цачи Идан, Иџак Елгарат, Охад Јахаломи и Шлом Манцур, сите кои беа киднапирани за време на нападот на 7 октомври 2023 година од нивните домови во кибуци во близина на Газа.

Се очекува израелските форензички тимови да го потврдат нивниот идентитет, соопшти израелското Министерство за здравство.

Прекинот на огнот стапи на сила на 19-ти јануари и во голема мера се одржа, и покрај бројните неуспеси. Но, нејзината прва фаза треба да заврши оваа недела, а судбината на следната фаза, чија цел е да се стави крај на војната, останува нејасна. Хамас соопшти дека досега не добил никакви предлози.

По неколкудневниот ќор-сокак, египетските посредници обезбедија предавање на телата на последните четворица заложници во првата фаза од договорот, за 620 Палестинци кои беа или приведени од израелските сили во Газа или затворени во Израел.

Израел одби да ослободи затвореници во саботата, откако Хамас предаде шестмина заложници на организирана церемонија.

Хамас покажа живи заложници и ковчези со посмртните останки на заложниците на сцената пред толпата во Газа пред да ги предаде, што предизвика остри критики, вклучително и од Обединетите нации.

Текстот Хамас предаде четири тела на израелски заложници во замена за палестински затвореници е превземен од МАКФАКС.