„СДС е причина за корумпираните судии и обвинители, потребни се коренити промени. СДС го уништи правосудството. 2% доверба на народот во судиите и обвинителите е резултат на притисокот на СДС врз овие институции и односот додека беа на власт. СДС го наполни правосудниот систем со свои послушници“, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доволно е да се погледне примерот со поранешниот Врховен судија Наќе Георгиев и заменик претседателот на Совет на јавни обвинители Иџет Мемети за да се сфати колку е корумпиран тој систем од СДС. СДС се бори за корумпираните судии и обвинители затоа што тие го спасија Венко Филипче да не одговара за изгорената модуларна болница во Тетово. СДС се бори за корумпираните судии и обвинители, бидејќи тие ги опструираат случаите за криминал на нивни функционери“, посочува Лефков и додава:

„СДС сега го брани тој систем и се става во одбрана на судиите и обвинителите, затоа што истите им се гаранција дека ќе можат да бегаат од правдата. Ова сценарио на СДС нема да успее. Одговорност ќе има“.