Лицата осомничени дека фрлиле молотови коктели кон рускиот конзулат во Марсеј се научници од францускиот Национален центар за научни истражувања (CNRS), објави локалниот весник La Provence, повикувајќи се на неименувани извори.

Според окружниот обвинител Николас Бесон, двајца уапсени, инженер и хемичар на возраст меѓу 40 и 50 години, признале дека го извршиле нападот користејќи импровизирани експлозивни направи.

Научниците „не само што ги признаа фактите, објаснувајќи дека дејствувале во поддршка на украинската кауза, туку и детално го опишале нивниот начин на работа“, рече изворот.

Според францускиот кривичен закон, тие се соочуваат со 10 години затвор доколку бидат осудени за оштетување имот со експлозиви.

Текстот Француски научници признаа дека го нападнале рускиот конзулат во Марсеј е превземен од МАКФАКС.