Актерот од некогаш популарната серија „Грдата Бети“, Ерик Мабиус, беше уапсен во четвртокот наутро на Флорида поради напад.

Ерик (53) беше приведен нешто пред 6 часот наутро и се соочува со две прекршочни обвиненија – напад и давање отпор на полицаец без употреба на насилство, според ТМЗ.

Шокантната фотографија од притворот го прикажува актерот со збунет израз на лицето, со видлива исекотина до десното око.

Мабиус е најпознат по улогата на модниот уредник Даниел Мид во серијата „Грдата Бети“. Серијата се емитуваше од 2006 до 2010 година, потсети „Дејли Мејл“.

 

Текстот Уапсен актерот од „Грдата Бети“ е превземен од МАКФАКС.