Еден потврден случај на шуга, а тројца ученици се сомнителни и се во изолација во основното училиштето „Кирил и Методиј“ во кумановското село Романовце, соопштија денеска надлежните од училиштето.
Семејството на ученикот кој е во прво одделение доставило потврда од лекар до училиштето. Во изолација е и неговата сестра. Останатите два случаи се сомнителни и двата ученика се во изолација.
Училиштето презело повеќе мерки меѓу кои и дезинфекција.
На терен беа присутни и екипи од Центарот за јавно здравје кои извршија увид и најавија повеќе детали по завршување на увидот.
Текстот Еден потврден, тројца сомнителни случаи на шуга во основно училиште во кумановско е превземен од МАКФАКС.