Денеска во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на И.Ј.(26) и Ф.Ј.(24) од Скопје. Во домот бил затекнат Ф.Ј.(24), а при претресот, под седиштето на мотоцикл, кој бил во подрумот, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана и дигитална вага.
Ф.Ј. е лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Ј.. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Текстот (Видео) Уапсен 24-годишник од Скопје, при претрес пронајдено околу еден килограм дрога е превземен од МАКФАКС.