Денеска и утре, министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана. Во Брисел денеска министерот ќе учествува на состанокот на Контакт-групата за Украина, за прв пат предводена од Обединетото Кралство.

Во текот на утрешниот ден, министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО каде ќе стане збор за широка лепеза на теми – од зацврстувањето на одбраната и одвраќањето на Алијансата и целите на способности, до инвестициите во одбраната и засилување на одбранбената индустрија.

Состаноците ќе завршат со неформален состанок на Советот НАТО – Украина, на кој освен сојузниците учество ќе земе и високата претставничка на Европската Унија, Каја Калас.

Текстот Министерот Мисајловски во Брисел на состаноците на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана е превземен од МАКФАКС.