Снимката од надзорните камери го покажува моментот кога почна земјотресот што ја потресе цела Далмација.
Потресот беше регистриран во 18 часот и 43 минути, со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот кој беше почувствуван низ Далмација и Лика, но и во околните земји, Босна и Херцеговина и Италија, е снимен од надзорна камера на островот Зларин.
На снимката се гледа како бродовите во пристаништето се тресат.