Омразената Меган Маркл повторно се соочува со јавна осуда откако на Инстаграм објави видео во кое и помага на девојката која ги преживеа пожарите во Лос Анџелес, но нејзиниот гест многумина го сметаат за невкусен и промотивен.

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, на 4 февруари објави видео во кое покажува еден куп промотивен материјал потпишан од Били Ајлиш.

„Само што ми кажаа дека пристигна нешто што долго го чекав“, рекла Меган пред камерата, возбудено отворајќи го пакетот во кој имало маички и плоча „Hit Me Hard and Soft“ потпишана од славната пејачка.

Открила дека пакетот бил наменет за 15-годишно девојче од Лос Анџелес кое ги преживеало разорните пожари и во пламенот го изгубила омилениот дуксер од Били Ајлиш.

Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари, ја посетија областа зафатена од пожарите, каде се сретнаа со мајка и ќерка чија куќа целосно изгоре.

Девојката и кажала на Меган дека се обидува од плакарот да си го најде омилениот дуксер, но сфатила дека го оставила во машината за перење пред да побегнат од дома. Кога се вратиле, останало само пепел и урнатини.

„Се разбира, сега ја гледаат нивната куќа – и нивната машина за перење и машина за сушење – претворени во пепел. Ги нема“, рече Меган Маркл.

Трогната од приказната, Меган решила да и помогне на тинејџерката и ги замолила своите познати пријатели да и помогнат да најде идентичен дуксер. Нејзиното барање стигнало до пејачот на Maroon 5, Адам Левин и неговата сопруга кои и испратиле пакет со предмети од Били Ајлиш.

„Огромна благодарност до Били Ајлиш. Ова ќе и значи многу. Исто така, голема благодарност до Адам Левин и сопругата, помогнавте да се случи ова“, рекла Меган Маркл во видеото.

Таа додаде: „Благодарам на сите што помагаат на големи и мали начини во овие тешки времиња за Калифорнија“.

Наместо да добие пофалби, Меган Маркл предизвика бес на интернет. Многумина нејзиниот гест го нарекоа „непримерен“ и „непотребна самопромоција“. Критичарите веруваат дека немало потреба војвотката од Сасекс да го објави овој чин на социјалните мрежи.

„Меган Маркл доби бесплатни производи од Били Ајлиш за тинејџер кој го преживеа пожарот во Лос Анџелес – и всушност направи цело фалбаџиско видео на Инстаграм за тоа. Најнесоодветната и најневкусната славна личност на планетата“, напиша еден корисник на платформата Икс.

„Нема апсолутно никаква причина за ова видео освен самопромоција. Таа навистина не направи многу – тоа го направија другите, а таа мораше да земе заслуга и да објави сè јавно“, напишал друг корисник, посочувајќи дека ниту Били Ајлиш, ниту Адам Левин не објавиле ништо на нивните мрежи.

„Секако дека мора да го објави јавно за да придобие симпатии. Каква измама“, гласи уште еден од бројните коментари.

Стотици други корисници ја обвинија Меган дека прави сè „само за внимание“ и дека се фали со врските со познатите личности.

Текстот „Навистина знае да изнервира“: Меган Маркл има само 4 објави на новиот профил и веќе испровоцира стотици е превземен од МАКФАКС.