Актерот Џастин Балдони објави пораки кои наводно ги разменил со колешката Блејк Лајвли за време на снимањето на филмот It Ends with Us, во кои двајцата разговараат како да направат сцена „заводлива“ и се договараат како ќе ја постигнат. Оваа објава доаѓа откако Лајвли го тужеше за сексуално вознемирување и оштетување на нејзиниот углед.
Една од клучните сцени во филмот ја прикажува првата средба на ликовите кои ги толкуваат Лајвли и Балдони на покривот на една зграда. Нивниот разговор, како што тие го дизајнираа, требаше да биде взаемно флертувачки и да воспостави динамика што ќе доведе до нивната континуирана врска.
Според објавените пораки, кои датираат од 8 април 2023 година, Лајвли сакала дополнително да го нагласи флертувањето во дијалогот за нејзиниот лик да има поголема автономија. Наводно, пораките гласеа: „Можам да ти ја испратам мојата верзија на сцената на покривот или само ќе ти ја прочитам следната недела, кажи ми што повеќе ти одговара“.
Во една од пораките наводно додава: „Да ме познаваш подолго лично, ќе разбереш како ќе функционира оваа флертувачка и заводлива динамика. Тоа е мојот љубовен јазик – пикантен и храбар, но никогаш злобен“.
Балдони изгледаше како да ги поддржи нејзините предлози, наводно и одговорил: „Затоа те сакав во оваа улога“.
Лајвли поднесе правна жалба против Балдони во декември 2024 година, обвинувајќи го за сексуално вознемирување и обид за оштетување на нејзиниот углед преку медиумите. Во јануари 2025 година, таа поднесе нова тужба, обвинувајќи го за несоодветно однесување на снимањето, вклучително и контроверзен момент за време на снимањето на сцена со бавен танц.
Балдони и неговата продукциска куќа ги отфрлија обвинувањата и објавија снимки од сетот тврдејќи дека „двајцата актери ја изведуваат сцената професионално и со почит“.
Но, адвокатскиот тим на Лајвли го тврди спротивното, наведувајќи дека видеото ја потврдува нејзината приказна. Нивната изјава гласи: „Секоја жена која доживеала несоодветно допирање на работното место ќе ја препознае непријатноста на г-ѓа Лајвли. Тие ќе ги препознаат нејзините обиди да користи хумор за да ја смири ситуацијата и да избегне несакано допирање“.
Судењето за случајот Блејк Лајвли и Џастин Балдони започнува на 9 март 2026 година.
Текстот Балдони објави пораки од Блејк Лајвли, актерката му напишала: „Флертот е мојот јазик на љубовта“ е превземен од МАКФАКС.