Бугарскиот амбасадор во Скопје со протест поради инцидентот во Вевчани

Амбасадорот на Бугарија во Скопје Ангел Ангелов упатил вербален демарш до македонското МНР поради информации дека е запалено бугарско знаме во Вевчани.

„По повод медиумските објави за изгорено бугарско знаме во село Вевчани во Република Северна Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје Ангелов да го се изрази пред владата на РСМ нашето силно негодување за овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ“, – изјави Захариева.

Бугарските медиуми не пренесуваат повеќе детали за случајот кој предизвика вербален демарш од Софија до Скопје, освен дека за време на годинешниов карневал во Вевчани, кој немаше официјална организација, е запалено бугарско знаме.