По повеќе од 100 концерти во 12 земји низ Европа и Азија, Ring – ABBA Tribute доаѓа во Скопје и тоа на 15 март, во „Македонска опера и балет“.

Ова уникатно трибјут шоу целосно ја доловува магијата на легендарната група ABBA, со оригинални костими, кореографија и енергична изведба што ја носи атмосферата на вистински ABBA концерт. Публиката ќе има можност да ужива во вечните хитови како Waterloo, Chiquitita, Dancing Queen, Mamma Mia, S.O.S и многу други. Секоја песна е изведена со автентичност и емоција, оставајќи впечаток дека времето запрело и дека ABBA повторно е на сцената.

ABBA е еден од највлијателните и најобожавани бендови на сите времиња, а нивната музика живее и денес. Со милиони продадени албуми, безвременски хитови и препознатлива сценска енергија, тие остануваат музичка икона низ целиот свет. Ring – ABBA Tribute е проект создаден за да го оживее духот на овие легендарни ѕвезди, пренесувајќи ја нивната магија низ динамични настапи, музичко совршенство и спектакуларна сценска продукција.

Она што го издвојува Ring – ABBA Tribute од останатите трибјут бендови е нивниот ексклузивен формат наречен ABBA strings. Ова е посебна верзија на шоуто каде што најголемите хитови на ABBA се изведуваат со придружба на жичан октет, создавајќи уште подлабоко и поемотивно музичко искуство. Ова е ретка можност за публиката да ја доживее музиката на ABBA во една поинаква, елегантна и симфониска димензија.

Ова шоу не е само концерт, туку целосно музичко и визуелно доживување што ја оддава најголемата можна почит кон ABBA, носејќи ја нивната музика во современ контекст без да ја изгуби оригиналната магија, а вниманието кон секој детаљ го прават овој концерт незаборавен.

Ring – ABBA Tribute не е само уште едно трибјут шоу, туку автентична, внимателно дизајнирана музичка изведба што ги оживува емоциите и возбудата од најдобрите денови на ABBA. Затоа, не пропуштајте ја шансата да бидете дел од ова уникатно доживување!

Текстот Ring – ABBA Tribute спектакл на 15 март во Скопје е превземен од МАКФАКС.