Нема лимити за Мајли Сајрус кога има причини за прослава. А овој пат причината е одбележување на успехот на нејзиниот седми студиски албум „Plastic Hearts“.
Пејачката позираше качена на автомобил во светкаво розева комбинација, а изгледот го дополнила со впечатливи чизми со високи потпетици.
Сајрус со објава на својот инстаграм – профил им се заблагодари на своите обожаватели што помогнаа во одржувањето на нејзиниот албум на рекордниот број 1 на американските рок – листи повеќе од еден месец.
„Пет недели број 1 на рок-топ-листите со „Plastic Hearts“. Се чини дека е тешко време да се биде среќен со толку многу тага околу нас, но поддршката што ми ја покажавте не може да се занемари“, напиша Мајли.
„Мојата најголема благодарност до сите што го слушаат и се поврзуваат со овој албум“, додаде таа.
Пејачката воедно изјави дека постојано размислува за времето кога ќе може повторно да се сретне со своите обожаватели и дека со душа чека да заврши целиот овој циркус.