Аеродром тоне во нечистотија. Неспособните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска и Дејан Митески целосно ја запустија некогаш најчистата и најзелена скопска општина, велат од СДСМ.
„Цели три години Аеродром личи на огромна дива депонија. Секојдневно сме сведоци на преполни корпи за џебен отпад кои делуваат како никогаш да не се исчистени.
Јавните површини меѓу зградите се полни со кабаст отпад кој со месеци стои на зелените површини на кои некогаш играа деца. Ѓубре на секој чекор можат да посведочат нашите сограѓани кои секојдневно упатуваат апели за редовно чистење на општината.
Ги потсетуваме градоначалниците од ДПМНЕ, Арсовска и Митески, дека добија доверба од граѓаните со ветувањата дека Аеродром ќе биде најчистата скопска општина.
Ветуваа реорганизацијата на службите за одржување на хигиената. Ова беше еден од неговите топ 7 приоритети за Аеродром. Секојдневие станаа и преполните контејнери во Стар Аеродром и околу трговските центри Скопјанка, Три Бисери, Бисер, Капитол, Лиса, Џевахир и други јавни површини со зголемена фреквенција на движење.
Јавно ги прашуваме Арсовска и Митески, имаат ли Град Скопје и Општина Аеродром градоначалници?“, пишува во соопштението на СДСМ.