Женски фудбалски натпревар во Бангладеш беше откажан во средата, откако протестите на верските радикали ги принудија организаторите да го откажат натпреварот, што е втор ваков инцидент во изминатите два дена.
Аналитичарите тврдат дека претходно маргинализираните верски движења станале посмели по соборувањето на премиерот Шеик Хасина минатата година, пишува Ал Џезира.
Северниот град Џојпурхат требаше да биде домаќин на пријателски натпревар помеѓу женскиот фудбалски тим на областа и тимот од блискиот Рангпур.
Taliban, ISIS inspired Extremists attacked and vandalized the venue to stop a girl’s football match in Joypurhat, Bangladesh.
Radicals are openly campaigning against women’s participation in sports, claiming it is against Islam. Yunus and His allies are supporting extremists pic.twitter.com/ilMil83Gtn
— Hindu Genocide Report (@hindugenreport) January 30, 2025
„Исламските радикали во нашата област се собраа на поле и се упатија кон местото на натпреварот. Ги имаше стотици“, рече организаторот на турнирот, Самиул Хасан Емон.
„Ситуацијата се влоши и моравме да го откажеме денешниот настан.
Абу Бакар Сидик рече дека се приклучил на протестот со своите ученици, како и со наставниците и учениците од неколку други верски училишта.
„Женскиот фудбал е неисламски“, изјави тој. „Наша верска должност е да спречиме се што е спротивно на нашите верувања.
Инцидентот се случи само еден ден откако натпреварот во блискиот Динајпур беше одложен по сличен протест.
Islamists storm a women’s football match and stop it.
Reason?
Women are “half-naked” in football jerseys and that is against Sharia.
This happened in Dinajpur in Muhammad Yunus’s Bangladesh, not in Taliban-ruled Afghanistan. pic.twitter.com/EWTwpyLPfz— Abhijit Majumder (@abhijitmajumder) January 30, 2025
„Натпреварот беше одложен половина час пред почетокот. Моравме брзо да ги префрлиме девојчињата на побезбедно место“, изјави учителката Монирузаман Зија.
Претставникот на локалната власт Амит Рој изјави дека четири лица се повредени во судирите откако демонстрантите и контрадемонстрантите фрлале цигли едни кон други, но сите оттогаш се пуштени од болница.
Инцидентот во средата брзо беше осуден од Фудбалската федерација на Бангладеш (БФФ).
„Фудбалот е за секого и жените имаат целосно право да учествуваат во него“, се вели во соопштението на менаџерот за медиуми на БФФ, Садман Сакиб.
Верските групи во Бангладеш станаа значително повлијателни по годините на репресија од страна на владата на Шеик Хасина.
Текстот (Видео) Исламистите од Бангладеш не им дозволуваат на жените да играат фудбал – инцидентите резултираа со откажување на натпреварите е превземен од МАКФАКС.