На крајот на декември, Мадона со нејзиното момче и децата „побегнаа“ во Малави, Африка, а по пат „застанаа“ и во Египет. Со нив го понеле и нејзиниот личен фотограф Рикардо Гомеш за да го документира целото патување.
Пејачката Мадона (62) во последните три недели посети пет различни држави, иако речиси целиот свет се соочува со пандемијата на коронавирус. Како што пишуваат странските медиуми, тие полетале со приватен авион.
Мадона заедно со нејзиното момче, американскиот танчер и кореограф Ахламалик Вилијамс (26), четирите деца Дејвид Бенд (15), Мерси Џејмс (14), близнаците Естер и Стела (8) заминале на патувањето. А подоцна им се придружил и најстариот син на Мадона, Роко (20).
Импресиите од патувањето, Мадона ги споделува со видеа својот инстаграм – профил во вид на документарен филм.
На крајот на декември, тие заминаа во Малави во Африка каде се сретнаа и со претседателот Лазарус Чаквер. Мадона се дружеше со локалното население и ја посети болницата која воедно е основана од донација од пејачката.
Парот подоцна заминале во Кенија, а Мадона на социјалните мрежи се пофали дека помладиот дечко го однела да го види и племето Поток во западна Кенија.
Пред патувањето, целото семејство се тестирало за ковид-19 и сите биле негативни на коронавирусот.