Мерил Стрип мораше да ги преземе работите во свои раце кога се евакуираше од пожар во Лос Анџелес на почетокот на овој месец, а тоа вклучуваше и сечење на оградата на соседот за да избега.
Имено, нејзиниот внук Ејб Стрип, кој исто така е соработник на „Њујорк Магазин“, во приказна објавена во вторникот напиша дека на оскаровката добила наредба да се евакуира на 8 јануари, ден по избувнувањето на пожарот во населбите Палисадес и Итон.
Кога Стрип се обидела да замине, открила дека големо дрво паднало на нејзиниот пат, блокирајќи и го единствениот излез.
So, don’t mess with Meryl Streep https://t.co/cptD53tVm1 pic.twitter.com/45YZv6iMkO
— Lauren Milberger (@LaurenMilberger) January 28, 2025
„Одлучна да побегне, позајмила режачи за жица од соседот и на оградата што ја делела со соседите од другата страна направила дупка со големина на автомобил и поминала низ нивниот двор за да избега“, се вели во приказната.
Пожарите во Палисадес и Итон се сметаат за најразорните пожари во историјата на Лос Анџелес. Жителите во овие области продолжуваат да се борат со штетите и траумите предизвикани од пожарите.
Иако официјалните проценки на штетите се уште се во тек, Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари проценува дека повеќе од 16.200 објекти се оштетени или уништени во пожарите.
Текстот Мерил Стрип преживеала драма додека бегала од пожарот во Лос Анџелес: морала да пресече дупка во оградата на соседот е превземен од МАКФАКС.