Холивудската актерка, Дру Баримор (49) се осврна на еден филм во својата кариера. Во своето ток-шоу, таа и актерката Енди Мекдауел го коментираа филмот „Лоши девојки“ од 1994 година, во кој и двете глумеа.
„Кога ги снимавме Bad Girls, имав 16 години. Бев толку глупава. Секогаш зборувам за тоа колку тој филм ми го промени животот. Да не го снимав, нема шанси да седам овде денес“, рече Дру.
„Тој филм ми покажа дека треба да се вклучиш во нешто што ти е важно. Не сум била во такви филмови претходно, тоа беше лекција за мене. Тие сетови беа многу едукативни иако сè беше малку искривено и бизарно и нереално. Тоа искуство беше моментот кога мојот живот драматично се промени“, заклучила актерката.
Текстот (Видео) Позната актерка глумеше проститутка на 16 години, сега вели: Тоа ми беше лекција е превземен од МАКФАКС.