Георгина Родригез, партнерката на Кристијано Роналдо, наполни 31 година, а славниот фудбалер со емотивна порака јавно и го честита роденденот.
„На мајката, партнерката, пријателката, мојата сопруга… Среќен роденден љубов моја. Твојата светлина нè осветлува, а твојата љубов не исполнува”, напиша тој во описот на заедничката фотографија на која позираа во теретана. Георгина брзо му одговори.
„Те сакам многу и го сакам она што сме, кога сме заедно“, напиша таа.
Двојката се запознала во 2016 година, кога Роналдо дошол во продавницата на Гучи во центарот на Мадрид каде Георгина била вработена.
„Се тресев цела кога го видов. Веднаш ми го привлече вниманието. Запали некаква искра во мене“, се присети таа подоцна.
Текстот Роналдо со емотивна порака и’ го честита роденденот на Георгина е превземен од МАКФАКС.