Пејачката Кејти Пери му го честиташе роденденот на својот вереник Орландо Блум на својот инстаграм – профил, каде објави неколку нивни фотографии.
Со емотивна порака, Кејти изрази колку љубов чувствува кон својот сакан и таткото на нејзината ќерка Дејзи Дејв.
„Најсреќен 44-ти роденден на мојата љубов, брилијантниот татко на мојата Дејзи Дејв и светлото огледало кое ме гледа и го рефлектира она што сè уште не можам да го видам…“, напиша Кејти.
„Ти благодарам што ме поддржуваш и никогаш не ме напушти… Толку ми е мило што мојата месечина откри дека е сонце, те сакам, ти си целиот мој свет“, додаде пејачката во описот на фотографиите.
Кејти Пери и Орландо Блум станаа родители на нивната прва заедничка ќерка на 25 август 2020 година. Орландо стана татко по втор пат, тој има деветгодишен син Флин Кристофер Блум.