Фустанот на Иванка Трамп на инаугурацијата на нејзиниот татко го привлече вниманието на светските медиуми. Се зборуваше дека е инспирирана од стилот на холивудската дива Одри Хепберн, чиј син Шон Хепберн Ферер сега проговори и ја коментираше ситуацијата.

„Не е чудо што таа реши да црпи инспирација од неа. Таа ја бараше врвната елеганција и софистицираност за ваква пригода – инаугурацијата, 32-годишнината од смртта на мојата мајка, и што е најважно, Денот на Мартин Лутер Кинг, изјави Шон за Дејли Мејл.

Белата куќа соопшти дека Иванка изразила големо задоволство од можноста да облече фустан сличен на оној што ја прослави Одри Хепберн.

„Таа е исклучително благодарна на семејството Арно и Живанши за создавањето на ова ремек дело.

„Одри Хепберн служеше како инспирација на Иванка долги години и таа го гледа ова како голема чест и привилегија“, велат тие.

Ова не е прв пат Иванка Трамп да црпи инспирација за својот моден избор од стилот на холивудските икони. На свадбата на нејзината сестра Тифани, таа носеше син фустан кој изгледаше речиси идентично со фустанот на Грејс Кели во филмот „To Catch a Thief“ од 1955 година.

Текстот Синот на Одри Хепберн за фустанот на Иванка Трамп: „Очигледно е дека мајка ми ја инспирирала“ е превземен од МАКФАКС.