„Денеска, ја имам честа да присуствувам на вештачкиот мрест на охридската пастрмка. Оваа активност се спроведува по 6 години застој“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во изјава за медиумите од Охрид.
„За таа цел, минатата година се склучија договори со Хидробиолошкиот завод од Охрид и со Институтот за сточарство и рибарство од Скопје за изведување вештачки мрест и порибување. Денешната активност е со цел излов на матици и собирање икра, при што двете институции во согласност со обврските од договорот треба да соберат 1.050.000 зрна икра, од кои ќе се одгледа подмладок за порибување“, додаде министерот.
Оваа активност е многу значајна за зачувување на охридската пастрмка како едно од нашите национални богатства и за екосистемот на езерото.