Најмалку 66 лица загинаа, а 51 се повредени во пожар што избувна во хотел во ски-центар на планината Болу во северозападна Турција.

Гостите во паника среде ноќ скокнаа од прозорците на зградата на хотелот во ски-центарот Карталкаја, изјави министерот за здравство Кемал Мемишоглу.

Пожарот избувнал околу 3:30 часот по локално време на катот каде што се наоѓа ресторанот. Зградата на хотелот Гранд Картал има 12 ката, а во моментот на пожарот таму престојувале 234 гости.

Неколку противпожарни возила се уште се пред уништената зграда.