Словачкиот универзитет Свети Кирил и Методиј (УЦМ) и Универзитетот Трнава во Трнава утринава добиле мејлови со закани со бомбашки напади, објавија двата универзитета истиот ден, додавајќи дека нивните згради се евакуирани.
„Полицијата во моментов ги презема неопходните безбедносни мерки во просториите на универзитетот. Поради оваа причина, денешните часови и испити се откажани“, објави УЦМ на социјалните мрежи, додавајќи дека студентите ќе бидат известени за алтернативните датуми.
Официјален претставник на Универзитетот во Трнава објави дека ректорот наредил онлајн часови и работа од дома како одговор на закана за бомба, пренесува ТАСР.
Полицијата тврди дека интензивно работи со безбедносните служби на откривање на оние кои стојат зад заканите.
Текстот Универзитетите во Словачка добиваат закани за бомби, во тек полициските контроли е превземен од МАКФАКС.