Две новороденчиња, близначиња, на околу 20 дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт.

Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош.

Според Биноски, кога пристигнала екипата на итната помош констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало.

Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца, додаде тој.

Денеска во 12 часот закажана е прес конференција во Центарот за Социјални работи.

Текстот Починаа две новороденчиња, близначиња: трагедија во Прилепско е превземен од МАКФАКС.