Ќерката на починатиот актер Хит Леџер, 19-годишната Матилда Леџер, по долго време е фотографирана, а многумина пишуваат колку личи на својот татко.
Матилда беше фотографирана на улиците на Њујорк додека шеташе со пријателка, а обожавателите забележаа дека таа многу потсетува на нејзиниот татко.
Познатиот актер доби ќерка од бракот со актерката Мишел Вилијамс, а неколку месеци по разделбата на парот, Хит беше пронајден мртов во својот стан во јануари 2008 година од предозирање. Матилда тогаш имаше само две години.
Текстот Ќерката на Хит Леџер има неверојатна сличност со нејзиниот татко: таа имаше само две години кога почина актерот е превземен од МАКФАКС.