Откако накратко се најде на врвот на најбогати луѓе во светот, односно на листата на „Форбс“, Илон Маск повторно се симна на второто место зад извршниот директор на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, откако во понеделникот се случи неочекуван пад на акциите во неговата компанија „Тесла“ и од неговото богатство „отсече“ 13,5 милијарди долари.

Маск во четвртокот стана најбогатата личност на светот, како резултат на неговото богатство кое достигна повеќе од 150 милијарди долари за една година.

Instagram
Instagram

Но, акциите во „Тесла“ во понеделникот паднаа за скоро 8% – најголем пад од еден ден од крајот на септември. Врз основа на проценките на „Форбс“, ова го „спуштило“ неговото богатство до 176,2 милијарди долари, во споредба со богатството на Безос од 182,1 милијарди долари.

И покрај загубата на богатството на Маск, тој сè уште е над Бербард Арно, извршниот директор на францускиот конгломерат за луксузни производи „LVMH“, кој воедно е третиот најбогат човек во светот.

Instagram
Instagram

Иако Маск зема мала плата од неговите компании, тој има приближно 20% удел во „Тесла“ и 48% удел во компанијата „Спејс Икс“, како и 57 милиони акции, пишува „Блумберг“.