Квалитетот на воздухот во Јужна Калифорнија достигна „нездраво“ ниво поради шумските пожари што ја полнат атмосферата со чад и пепел. Во Сан Марино, во близина на пожарот Итон, индексот на квалитетот на воздухот во петокот по полноќ беше 431, спаѓајќи во категоријата „опасна“ – највисоко ниво на скалата за квалитет на воздухот.
Предупредувањата се на сила во поголемиот дел од регионот, при што многу населби известуваат за „нездрави“ услови. Професорката по епидемиологија, Ен Римоин, предупреди на сериозни здравствени последици.
Ситните честички можат да навлезат длабоко во белите дробови, а најзагрозени се луѓето со хронични заболувања, трудниците и младите.
Текстот (Видео) Чад го покрива Лос Анџелес, воздухот е загаден е превземен од МАКФАКС.