Шпанската водителка Кристина Педроче стана топ тема на сите светски медиуми благодарение на фотографијата на која позираше целосно гола на снег.
Педроче предизвика општ хаос на социјалните мрежи, па многумина ја нападнаа за фотографијата направена за време на снежната бура што изминативе денови ја зафати Шпанија.
Сепак, таа не ни била свесна дека штотуку го предизвика новиот тренд на „Инстаграм“. Многу жени низ светот целосно ја поддржаа и инспирирани од нејзината фотографија, направија иста или слична фотографија.
За потсетување, минатата година на социјалните мрежни актуелни беа позирања на снег во костими за капење, а се чини оваа година, многу инфлуенсери се приклучија на најновиот тренд и голи седнаа во снегот.