Кајли Џенер, најмладата сестра од познатото семејство Кардашијан – Џенер, е добро позната по своите смели комбинации кои ги истакнуваат нејзините раскошни облини.
Младата Американка, која се здоби со огромно богатство благодарение на својот бренд за убавина „Kylie Cosmetics“ деновиве заедно со остатокот од нејзиното семејство ги снимаа последните сцени од нивното реално шоу „Keeping Up With The Kardashians“, кое ќе престане да се прикажува оваа година.
Кајли на својот инстаграм – профил сподели фотографија на која позира покрај својот луксузен автомобил, покажувајќи ги своите облини.
Нејзините бројни обожаватели и следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“ ја опсипаа со комплименти за нејзиниот изглед. А фотографиите им се допаднале на дури 9,522,083 корисници.
Иако до неодамна имаше темно кафеава коса освежена со прамени, Кајли не можеше да одолее да го испроба последниот тренд, па косата ја обои во црвена нијанса која одлечно ѝ прилега.