Пожар избувнал во една од собите во Психијатриска болница-Бардовци.

Од МВР информираа дека огнот се разгорел вчера околу 9.30 часот и бил изгаснат од скопската противпожарна бригада.

Повредени лица нема.

За настанот бил известен јавен обвинител и извршен е полициски увид.