Општина Центар, во петок 27 декември организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани, за децата и возрасните на Боемска 1.

„Во петок, во 11:00 часот почнува „Предновогодишно дружење“ со хорот „Златно славејче“ и хорот од ООУ „11 Октомври“ при што ќе се изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан, предвидено е обраќање на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, а веднаш потоа следува забава со Елса и Спајдермен кои ќе им поделат новогодишни пакетчиња на дечињата.

Вечерта, во 20:00 часот ќе почне предновогодишен концерт „Вечер под ѕвездите“ со македонските музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.

„Ги поканувам сите граѓани на концертот што ја одбележи годината. Настанот ќе стартува со загревање на атмосферата со диџеј Александар Јорданов, а потоа омилената македонска група на сите генерации Нокаут ќе ги отпеат хитовите со кои пораснавме. Ветуваме добра журка и расположение, дојдете на Боемска 1“, вели Герасимовски.