Страшен инцидент се случи во центарот на Лондон на Божиќ кога автомобил удри во пешаци. Четири лица се пренесени во болница, а едно се бори за животот.

Метрополитенската полиција бргу реагирала и го уапсила осомничениот за обид за убиство. Полицијата потврди дека инцидентот не бил терористички акт, пренесе „Дејли мејл“.

„Полицијата бргу реагира и за неколку минути го уапси мажот. Се верува дека осомничениот бил вклучен во расправија во ноќен клуб пред да се качи со својот автомобил на тротоарот“, изјави заменик-помошникот на полицискиот комесар, Стјуарт Канди.

На местото на инцидентот видливи се траги од крв и лични предмети.

Текстот Уапсен маж кој со автомобил прегази пешаци во Лондон е превземен од МАКФАКС.