Државјани на пет земји имало во авионот кој утрово се урна во Казахстан.

Во соопштението на Министерството за транспорт на Казахстан се наведува дека во авионот се превезувале 62 патници – државјани на пет земји – 37 Азербејџанци, шест Казахстанци, тројца Киргистанци и 16 Руси.

Според последните официјални информации, несреќата ја преживеале 28 лица, меѓу кои и три деца кои се наоѓаат во болница.

Авионот од Азербејџан се урна во близина на аеродром во Казахстан. Тој летал од Азербејџан до Грозни, но наишол на проблеми со магла над Каспиското Море. Според некои неофицијални информации, леталото удрило во јато птици.

Авионот побарал итно слетување, поради што пилотите се упатиле кон аеродромот во Казахстан.

Објавени се и снимки на кои се гледа како спасувачите извлекуваат луѓе со крвави лица од авионот.

Текстот Во авионот што се урна имало државјани на пет земји – преживеале 28 патници, меѓу нив и деца е превземен од МАКФАКС.