„Со потсмев ги следиме обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Груби врз СДСМ. Обидите да ја изманипулираат јавноста дека СДСМ знаел за криминалот на Груби, а не го процесирал, е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање,а тоа е – зошто Тошковски дозволи Груби да избега?“, прашува СДСМ.
„Артан Груби и сите за кои во моментот има постапки мора да одговараат пред законот. Но за жал, тоа очигледно нема да се случи откако мистериозно Груби исчезна. Го прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, кој е политичкиот договор и цена за пуштањето на Груби?
Зошто ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски молчат за тоа дека „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата инаку кадар на Тошковски.
Границата со Косово се потврди дека откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт е главен канал за бегање на криминалците. Прво избега Блерим Беџети, па се шеташе Гаши со сватовите на свадба без проверка, сега се прошета и Груби. Можеби е време да ја отворат целосно за да не се трошат пари за одржување, па така и граѓаните ќе видат некаков ќар“, соопшти СДСМ.