Децата повредени во напад со нож во основното училиште Пречко се пренесени во болниците во Загреб. Двајца од нив се во загрепската детска клиника.
Едното дете е седум, другото 11 години. Имаат повеќе убодни рани, но, како што вели директорот, се надвор од животна опасност. Се врши дијагностичка обработка, по што на крајот ќе се утврди дали на некој од овие деца им е потребна операција. Детето кое со итен хеликоптер беше пренесено во болницата во Дубрава, односно до нивниот хелиодром, беше пренесено во КБЦ Загреб. Се работи на дијагностичка обработка и, детето е надвор од животна опасност.
Двајца од повредените, како што неофицијално дознава ХРТ, насилникот и наставничката се во клиничката болница Свети Дух.
„Наставничката се бори за живот и ситуацијата е тешка. Насилникот си нанел опасни по живот повреди на себе во пределот на вратот“.
Министерката за здравство Ирена Хрстиќ изјави дека починатото дете имало седум години.
Текстот Меѓу повредените има и деца од 7 и 11 години, наставничката се бори за живот во Загреб е превземен од МАКФАКС.