Елтон Џон зборуваше за своето здравје и емотивните желби пред премиерата на неговиот нов документарен филм Елтон Џон: Никогаш не е доцна, ретроспектива на неговиот живот и кариера.
Музичката икона, која денес има 77 години, искрено сподели што сака да пишува на неговата надгробна плоча, откако призна дека не знае колку време му преостанува. Само сакам на мојот споменик да пишува: „Тој беше одличен татко“, рече тој.
Во текот на изминатите неколку години, Елтон се соочи со голем број здравствени проблеми, вклучително и замена на колената и еден колк. Во 2021 година, тој мораше да ја одложи својата концертна турнеја Farewell Yellow Brick Road по падот кој бараше операција.
Зборувајќи за своето здравје, Елтон откри: “Немам крајници, аденоиди или слепото црево. Немам простата. Немам десен колк, лево колено или десно колено. Всушност, единственото нешто што остана е мојот лев колк. Но, јас сум уште тука. И не можам доволно да ви се заблагодарам – вие сте луѓето кои ме одржаа понатаму“.
По завршувањето на неговата проштална турнеја минатата година, пејачот реши да престане да настапува во живо. „По ова повеќе не морам да работам. Ќе работам на снимање албуми, радио емисии, но патувањето е исцрпувачко. Навикнат сум на тоа, јас сум ветеран, но ова е моментот кога почнуваш да размислуваш за смртност“, рече тој.
Текстот Елтон Џон oткри што сака да пиушува на неговиот надгробен споменик е превземен од МАКФАКС.