Министерството за социјална политика, демографија и млади и Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, претставувани од министерот Фатмир Лимани и амбасадорот Су Леј, денеска потпишаа договор за донација.
Со договорот Република Кина во духот на почитување на општествената одговорност и со цел остварување, унапредување и поддршка на дејности од јавен интерес што ги извршува Министерството за социјална политика, демографија и млади донира сензорни соби во вкупна вредност од 1.310.000,00 денари со вклучен ДДВ за деца и лица со попреченост.
Потпишувањето на денешниот договор е уште една потврда за огромната поддршка што Република Кина ѝ ја дава на Северна Македонија и потврда за долгогодишното пријателство што го негуваат двете земји.
Двете страни изразија задоволство од досегашната соработка и поддршка и се согласија дека таа ќе продолжи и понатаму.