Целосно во Шенген – каде што припаѓате. Ова го напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во социјалната мрежа Х по одлуката за укинување на копнените гранични контроли за Бугарија и Романија, јавува  БГНЕС, пренесува Трибуна.

Со усвојување на денешната Одлука на Советот на ЕУ, 1 јануари 2025 г. официјално станува датумот на кој ќе се укинат проверките на лицата на внатрешните копнени граници со и меѓу двете земји.

Ова е историска одлука, која го означува крајот на процесот на приклучување на двете земји во зоната за слободно движење во ЕУ, главна цел и на Република Бугарија и на Романија од нивното пристапување во Европската унија, соопштија министерствата за надворешни работи на Бугарија и Романија во заедничка изјава.