ДУИ, овој партиски клан што уништи сè, сега од опозицијата почна да продава политички морал и да зборува за притисоци. Но, ова не им успева бидејќи граѓаните многу добро знаат како го злоупотребиле секој институционален механизам само за своја корист, вклучувајќи ги и судовите, велат од ВЛЕН.
„Јавноста е добро запознаена дека обвинителот за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, е близок до ДУИ. Тоа беше потврдено со објавени фотографии со братот на лидерот Ахмети, како и со високи функционери на оваа партија. Многу поранешни функционери на ДУИ најдоа „утеха“ во судскиот систем, каде што продолжуваат да делат „непристрасна правда“. Пример за ова е Иџет Мемети, кој беше фатен на дело и во исто време му направи ветинг на ДУИ.
Тоа што ДУИ зборува за постапување спротивно на законите е апсурдно само по себе. ДУИ е синоним за кршење на законите и влијание врз судскиот систем во континуитет. И за ова мора и ќе има одговорност“, оценуваат од коалицијата.
Потсетуваат на ДУИ и нивниот лидер Али Ахмети, кога на средбата на Водно со поранешниот претседател Пендаровски побара враќање на својот, како што го нарекуваат, шеф на бел коњ, Никола Груевски.
„И токму на оваа средба Ахмети имаше предложено два начина за негово враќање од Будимпешта, поточно преку “своите“ во судовите во земјата. Потсетуваме и дека за овој случај партијата на Ахмети изврши притисок и врз претседателот на Врховниот Суд, Беса Адеми. А за овие притисоци на оние кои продаваат лажен морал добија и опомени од странски амбасади за континуираниот притисок врз Беса Адеми.
Истата Весна Дамева која денеска поднесе оставка и ДУИ пролеат крокодилски солзи за притисок врз неа, Селим Адеми – член на ДУИ, кој во тоа време во својство на потпретседател ја надгласи и ја разреши од функцијата претседател бидејќи на дневен ред ги ставил точките што и одговараат на поранешната власт“, стои во соопштението на ВЛЕН.